Компаниите пак потешко до кредити

Bez autora
Feb 24 2014

Само што се израдуваа што банките кон крајот на минатата година, конечно, почнаа да им одобруваат повеќе кредити, за македонските компании во јануари повторно следувало разочарување на тој план. Банкарскиот сектор во првиот месец од годинава пак ги „подзатвори“ своите славини за кредитирање на бизнисот, односно во јануари е регистрирано благо месечно намалување на одобрените кредити за фирмите, и тоа за 2,7 милиони евра во однос на декември лани. По ова намалување фирмите на крајот на јануари имале на располагање вкупно банкарски кредити на износ од 2,2 милијарди евра, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија. Инаку, во текот на речиси цела 2013 година компаниите во земјава постојано се жалеа дека банките ги одбегнуваат при делењето кредити, но на финишот на 2013 конечно им се „посреќи“ со банкарските заеми.

Компаниите пак потешко до кредитиСамо што се израдуваа што банките кон крајот на минатата година, конечно, почнаа да им одобруваат повеќе кредити, за македонските компании во јануари повторно следувало разочарување на тој план.

Банкарскиот сектор во првиот месец од годинава пак ги „подзатвори“ своите славини за кредитирање на бизнисот, односно во јануари е регистрирано благо месечно намалување на одобрените кредити за фирмите, и тоа за 2,7 милиони евра во однос на декември лани. По ова намалување фирмите на крајот на јануари имале на располагање вкупно банкарски кредити на износ од 2,2 милијарди евра, говорат најновите податоци на Народна банка на Македонија.

Инаку, во текот на речиси цела 2013 година компаниите во земјава постојано се жалеа дека банките ги одбегнуваат при делењето кредити, но на финишот на 2013 конечно им се „посреќи“ со банкарските заеми. Односно, кредитирањето кон нив почна „срамежливо“ да расте во ноември лани, за потоа во декември да доживее своевиден бум, зголемувајќи се само во текот на тој месец за 51,4 милиони евра. Но, во јануари овој тренд е стопиран, дури и со благо надолно движење.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, во неколку наврати ги повикуваше банките да го зголемат кредитирањето за компаниите, но банкарите постојано возвраќаа дека штом на економијата ќе и' тргне на подобро, и со тоа ќе се намалат ризиците, тие самите ќе почнат да доделуваат повеќе заеми за корпоративниот сектор.

Граѓаните, пак, барем како што зборуваат најновите бројки на централната банка, генерално немале проблеми при добивањето на банкарски кредит. Само во јануари годинава кредитирањето кон домаќинствата пораснало за 11,3 милиони евра.

Растот на вкупното кредитирање во првиот месец од 2014 изнесува 9,7 милиони евра, со што вкупно одобрените кредити во земјава се на ниво од 3,78 милијарди евра.

Во јануари е забележан благ раст на нефункционалните кредити, односно заеми кај кои корисниците имаат тешкотии при нивното враќање. Тие се на сума од 427,6 милиони евра, односно 11,3 отсто од вкупното кредитно портфолио во земјава, што не се смета за загрижувачки процент.

Гувернерот на НБМ Димитар Богов очекува дека годинава ќе продолжи да се зголемува кредитирањето за фирмите. Според него, оваа година подобрите остварувања во реалниот сектор ќе ги намалат ризиците на кои се изложени банките. „Оттука, реално е да се очекува зајакнување на стабилноста на банкарскиот сектор и поголема кредитна активност“, изјави пред извесен период првиот човек на НБМ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik